Случај „Алфа“: Кривичен го одби барањето на Агим Ислам за повторно судење

Кривичниот суд Скопје го одби барањето на Агим Ислам за повторно судење за случајот Алфа, за убиството што се случи пред 16 години на паркингот на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Осудените не ја признаваат вината обвинувајќи за монтиран случај за што дури е извршено вештачење со кое, според одбраната, Ислами излегудва дека е  невин бидејќи тој не бил на тој настан.

Судот го одби вештачењето со образложение дека нема вештаци од Бирото за вештачења и не може да се носат вештаци од странство. Самиот Ислами реагираше од затвор. Според него, оваа одлука е неправедна, додека се жали дека е поднесена по истекот на рокот за жалба до Апелациониот суд.

Пронајдете не на следниве мрежи: