СЛУЧАЈ ИСЧЕЗНАТА ПОДМОРНИЦА: Имаат еден процент шанса да преживеат

Американската крајбрежна стража издаде мрачно предупредување дека можеби нема да може да ја спаси исчезнатата туристичка подморница, дури и ако биде во состојба да ја пронајде.

Подморницата Титан исчезна во 9.45 часот во неделата наутро, откако исплови во Атлантикот во 8 часот. „OceanGate Expeditions“, туристичката компанија одговорна за подморницата, не ја известила крајбрежната стража до 17:40 часот.

СЛУЧАЈ ИСЧЕЗНАТА ПОДМОРНИЦА: Имаат еден процент шанса да преживеат

На неа има пет лица, меѓу кои и тројца милијардери, а снабдувањето со кислород на подморницата сега е намалено на помалку од 40 часа, што им дава рок на спасувачките тимови до четврток наутро да ја најдат подморницата пред патниците да останат без воздух.

Но, дури и навреме да го лоцираат исчезнатиот брод, нема гаранција дека може безбедно да се извади на површина, предупредуваат експертите.

На прес-конференција во станицата на американската крајбрежна стража во Бостон, која ги координира напорите за пребарување и спасување, капетанот Џејми Фредерик признал дека спасувањето не е сигурно сценарио.

На околу 3.800 метри под вода, има малку пловила кои можат да нурнат доволно длабоко за да ја најдат, но изнесувањето на подморницата на површината е уште еден подвиг.

Адмиралот Џон Маугер, кој ја води потрагата по подморницата, изјавил дека ако подморницата се спуштила дури до Титаник, има само еден процент шанса да биде пронајдена.

„Веројатно ќе има еден процент шанса да бидат спасени доколку бидат пронајдени живи. Ако преживеат, тоа ќе биде како на холивудски филм“, рекол тој.

Промо материјалите за подморницата Титан ги открија просториите во кои моментално се сместени пет патници, а Бен Гогин од „NBC News“ сподели мапа од бродот што покажува дека само еден од патниците може целосно да ги прошири нозете во еден моментов.

Нема столици и седишта, а патниците седат со скрстени нозе на подот и мора да ги соблечат чевлите пред да влезат.

На предниот дел на подморницата има само еден мал тоалет, кој „се претставува како најдобро седиште“, според веб-страницата на „Ocean Gate“. Се додава дека кога се користи тоалетот, се поставуваа завеса за приватност „и ја зголемуваат музиката“.

Да потсетиме, Хамиш Хардинг, британскиот милијардер, Шахзада Давуд (48), еден од најбогатите луѓе во Пакистан и член на одборот на директори на Фондот на принцот со седиште во Велика Британија, и неговиот син Сулејман (19) се меѓу заробените во подморницата „Титан“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.