Смеење, природен лек со кој не може да се претера

Смеењето е една од најстарите форми на изразување и средства за комуникација меѓу луѓето. Смеењето е природно решение и одговор за многу здравствени прашања.Истражувањата покажуваат дека смеењето ве прави поотворени за нови луѓе и ви помага да изградите односи. Секое пријателство или врска со колегите без смеа би било апсолутно досадно и неодржливо.Смеењето може да ја изостри вашата способност да запомните работи и истовремено може да го намали хормонот на стрес – кортизол, особено кај постарите луѓе.Истражувачите откриле дека смеењето ги забрзува срцевите отчукувања, а потрошниот кислород при смеењето го поттикнува губењето на вишокот калории.Бројните студии потврдуваат дека смеењето има добро влијание врз нас. Скоро и да не постои дел во здравјето за кој смеењето не е вистинскиот лек.Смеењето ги намалува стресот и воспалението и го зголемува добриот холестерол.Го опушта хормонот на среќата ендорфин. Освен што е задолжено за добро расположение, лачењето на ендорфинот ќе ви осигура барем некое време чувство сѐ е во ред дека со вас и со светот.Смеењето е добредојдено во секое друштво. Хуморот и опуштеноста се формула за подобра комуникација, поврзаност меѓу луѓето и го зголемува квалитетот на дружењето.

Пронајдете не на следниве мрежи: