По вчерашните незапамтени врнежи од дожд во Белград, момче реши новонастанатата состојба да ја искористи на најдобар можен начин и заплива по улиците на Нов Белград.
Милан скокна во надојдената вода, по што се пошегува на Фејсбук.
“Поволно држам часови по пливање на Нов Белград, пријавување во инбокс“, напиша пливачот во коментари.
Во одделни делови на Белград од левата страна на Дунав вчера за еден час наврнаа 100 литри дожд на метар квадратен. Денес во најтешко погодените делови се работи на испумпување на водата од поплавените домови.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.