Утрово со снежна покривка се прекриени падините на Маврово и повисоките места во Крушево. Според најновите информации од УХМР, до 7 часот утринава висината на снежната покривка во Маврово е 6 сантиметри, а во Лазарополе и Крушево по 4 сантиметри.
Најстудено утрово било во Берово со измерни – 5 степени, потоа во Маврово – 3, -2 Крушево, -1 Крива Паланка, Лазарополе, Куманово, 0 Пожаране, Тополчани и Ѓуриште, 2 Претор, Прилеп, Виница, 3 Охрид, Битола, Дебар, 4 Тетово, Скопје-Петровец, Штип, 5 Скопје-З.Рид, Струмица, Д.Капија, 6 Гевгелија и Дојран.
Во текот на ноќта и изутринава беше претежно облачно, во западните и јужните делови со локален дожд, а на повисоките места и на планините со снег.
До крајот на денот ќе биде облачно и студено, со повремени врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините со повремен снег особено во јужните и западните делови. Врнежите ќе бидат со слаб до умерен интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југоисточен правец. Максималната температура ќе се движи во интервал од 5 до 10 степени. Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд и со слаб до умерен југоисточен ветер. Максималната температура ќе достигне до 9 степени.
И утре ќе биде студено со повремени врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините од снег. Врнежите на места ќе бидат пообилни, особено во јужните и источните делови. На планините снежната покривка ќе се зголеми, а снежна покривка ќе се формира и на некои повисоки места. Во понеделик во текот на денот ќе има преодно стабилизирање, а нов влажен бран со пообилни врнежи претежно од дожд ќе има во вторник.