Министерот без ресор ангажиран за спроведување на стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите, Аксел Мехмедовски е првиот министер разрешен од Собранието. На негово место по предлог на пратеникот Самка Ибраимовски, лидер на ПЦЕР беше избран Музафер Бајрам.
Вториот министер кој го разреши од должност Собранието е министерот без ресор, Аднан Ќахин. На негово место на предлог од матичната партија, односно Партијата за движење на Турците доаѓа Елвин Хасан, пренесе ТВ “Алсат“.