Совети како да смирите темпераментно дете

Доколку имате темпераментно дете, овие неколку совети би можело да ви бидат од голема корист.Според истражувачите, пасивните трикови, како што се нишањето на детето за спиење, пеењето и читањето, позитивно влијаат на неговиот темперамент.

Од друга страна, активностите како пешачење, возење или играње со детето имаат негативно влијание, заклучи тим од меѓународни научници кои дојдоа до заклучок преку темелна анализа на 841 родител од 14 земји.

Сите имале деца на возраст меѓу 17 и 40 месеци. Родителите одговараа на прашања за темпераментот на нивните деца, како и за тоа кои техники ги користат кога ги заспиваат.
„Нашата студија покажува дека техниките на родителите за нивно заспивање се многу поврзани со темпераментот на детето во различни култури, што потенцијално влијае на неговиот развој. На пример, земјите со поголемо потпирање на пасивни стратегии имаат деца кои лесно се приспособиле на социјализацијата“, вели една од авторките на студијата, Кристи Фам од Државниот универзитет во Вашингтон.
Резултатите од студијата беа објавени во списанието Frontiers in Psychology.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.