На барање на Советот на Европа, на денешната седница Владата одобри одлука со која го задолжи министерот за внатрешни работи да достави детални информации во врска со случајот со апсењето на новинарот Фуркан Салиу.
По одобрувањето на одлуката, Министерството за внатрешни работи ќе има рок од една недела да одговори на барањето на Советот на Европа.
Новинарот на ПорталиХ, Фуркан Салиу, пред една недела беше уапсен од специјалната полициска единица во село Коњаре, по фудбалскиот натпревар меѓу Коњаре и ФК Куманово.
Иако министерот за внатрешни работи Панче Тошковски го обвини новинарот Салиу дека физички нападнал полицаец и вети дека истото ќе го докаже со факти, неколку дена подоцна МВР наместо да поднесе кривична пријава за физички напад, соопшти дека поднела кривична пријава за „попречување на вршење службена должност“ без никакво објаснување.
Случај будно го следеа меѓународни и локални организации за заштита на правата на медиумските работници.