Советот на ЕУ донесе одлука за воведување на рестриктивни мерки против шест лица вклучени во кибер напади

Советот на ЕУ денеска донесе одлука за воведување на рестриктивни мерки против шест лица вклучени во кибер напади врз информациските системи, поврзани со критичната инфраструктура, државни институции, оддели за складирањето или обработката на доверливи информации, како и со владините тимови за одговор при итни случаи во земјите членки на Унијата.

Како што соопшти Советот, со оваа одлука првпат се преземаат рестриктивни мерки против „кибер криминалните актери“, кои вршат напади врз софтверите за основни услуги, како што се здравството и банкарството.

На листата на санкционира на ЕУ поради кибер напади се додадени двајца членови на групата „Калисто“, Руслан Перетјатко и Андреј Коринец, Олександр Склианко и Микола Черних од хакерската група „Армагедон“, како и Михаил Царев и Максим Галочкин.

– „Калисто“ е група руски воени разузнавачи кои спроведуваат кибер операции против членки на ЕУ и трети земји преку постојани кампањи насочени кон кражба на чувствителни податоци во критичните државни институции, вклучително и одбраната и надворешните односи, се наведува во соопштението.

„Армагедон“ е хакерска група поддржана од руската Федерална служба за безбедност (ФСБ), која изврши различни кибер напади што имаа значително влијание врз владите на земјите членки на ЕУ и Украина, вклучително и со користење на електронска пошта и малициозен софтвер.

– Дополнително, санкционирани се и Михаил Царев и Максим Галочкин, клучните играчи во распоредувањето на злонамерните програми „Конти“ и „Трикбот“ и вклучени во „Визард спајдер“. „Трикбот“ е злонамерна програма на шпионски софтвер, создадена и развиена од групата за закани „ Визард спајдер“, која спроведува кампањи во различни сектори, вклучувајќи ги и основните услуги, како што се здравството и банкарството, и затоа е одговорна за значителна економска штета во Европската Унија, наведува Советот.

Пронајдете не на следниве мрежи: