Серијата „Касандра“ цела Македонија, а и Балкан ја гледаа во 90-тите години.
Сите тогаш беа пред малите екрани за да ја проследат судбината на оваа Венецуелка.
Кораима Торес која ја играше уогата на Касандра и стана херооина во нашата земја.
-Поминаа повеќе од 2 децении, а како вчера да почнав да ја снимам Касандра. Не ме претворија преку ноќ во циганка, морав сериозно да се подготвам за таа улога. Ликот не беше обичен.
Касандра беше девојка сигурна во себе, во рамките на наивноста која мораше да ја има.
Навикната да работи пред публика, секоја вечер танцуваше и беше изложена на ножевите на рулетот на Рандеву, но сепак изолирана од светот надвор од шаторите на циркусот.
Тоа беше огромен предизвик за мене, на кој морав целосно да му се препуштам, се присетува Кораима.
Таа продолжи да снима серии, но се посвети и на семејниот живот. Стана мајка во 1994 година, па со сопругот Николас Монтеро го има синот Ману.
Парот се венча во 1996 година и живее во Боготи.
Кораима Торес и по 25 години и понатаму плени со нејзината убавина.
На пргот од шестата деценија, убавата катерка изгледа совршенно.
За потсетување, Касандра (шпански: Kassandra) (1992-1993) е Венецуелска ТВ новела.
Сценариото е напишано од Делија Фиало, а режисери се Грацио Дангело и Олегарио
Барера. Главен лик на серијата е Касандра, млада Циганка која се венчава за богат човек. Меѓутоа, таа не сфаќа дека е внука на домаќинот на таа куќа. На првата брачна ноќ, мажот на Касандра, Игнасио, е убиен, а Касандра ја обвинуваат за уби-ство.
Оваа теленовела имаше 150 епизоди и постигна голем успех ширум светот, а особено во Србија, Македонија, Бугарија, Русија, како и во други држави.
Серијата Касандра влезе во Гинисовата книга на рекорди како ТВ серија на шпански јазик што се емитувала во најмногу држави (128).
Продукција и дистрибутивна куќа на оваа серија е Coral International, сега познат како RCTV International.