Совршено се комбинира со тестенини и пилешко, а готов е за час



Потребно е:

1 китка свеж босилек
2 чешниња лук
третина чаша пињоли
сол и бибер по вкус
половина чаша ситно рендан пармезан
маслиново масло по потреба

Подготовка:

Излупете го лукот и изгмечете го. Потоа ставете го во блендер, додадете листови босилек и посолете. Мешајте со мала брзина. Додадете пињоли и рендан пармезан и продолжете со блендирањето. Истурете малку маслиново масло, остатокот од пармезанот и малку сол и бибер. Блендирајте уште 1 минута. Вашиот песто сос е готов!

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: