Иако мајонезот најчесто го купуваме и е достапен во различни варијанти, многумина си го подготвуваат и во домашни услови.
Најважниот чекор кога правите домашен мајонез е додавањето на масло со цел жолчката да не се раздвои, односно да де добие кремаста текстура на мајонезот.
Ова е совршен рецепт за домашен мајонез:
Потребни состојки:
-2 жолчки
-една лажица сенф Дижон
-прстофат сол
-500 мл сончогледово масло
-една лажичка вински оцет или свеж сок од лимон
Начин на подготовка:
Во блендер ставете ги жолчките, додадете сенф и сол. Добро измешајте, па во смесата постепено додавајте го маслото. На почеток како капки, па во тенок млаз. Важно е да се избегне одвојвуање на жолчките од маслото.
Кога ќе додадете половина масло, а смесата е компактна, слободно во поголем млаз додадете го останатото масло.
Сето тоа добро измешајте го со блендер, додека не добиете кремаста структура. На крајот додадете вински оцет или сок од лимон, па измешајте. Добро подготвениот мајонез ставете го тегли и чувајте во фрижидер.