Создаден електронски завој за побрзо заздравување рани

Американски научници развија нов медицински електронски уред што би можел да го револуционизира лекувањето рани. Се работи за завој за електротерапија што овозможува побрзо заздравување на повредата и потоа безбедно се распаѓа кога веќе не е потребен.

Иновативниот завој е тестиран на дијабетични чирови во експерименти со животни и се покажа дека го забрзува заздравувањето за 30 отсто. Ова може да биде многу важен наод за дијабетичарите чии рани може да доведат до последици како што се ампутација на екстремитети или смрт.

Проф. Гиљермо А. Амер од американскиот Северозападен универзитет (Northwestern University), појасни дека, кај луѓето со дијабетес кои потешко се борат со инфекциите, електронскиот прилагодлив завој се нанесува лесно и ефикасно ги затвора раните, па спречува натамошни компликации.
Иако се работи за електронски уред, компонентите кои доаѓаат во контакт со раната исчезнуваат по лекувањето, па така се избегнува и несакано оштетување на ткивото.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.