Во овој период на слави многу од домаќинките смислуваат какво предјадење можат да направат за својата трпеза.
Доколку сте во потрага по нови и едноставни рецепти, овие солени топчиња би можеле да бидат идеални за вас и одличен додаток на трпезата.
Тие се декоративни и многу вкусни, а се подготвуваат лесно и може дете да ги направи. Во секој случај, грешка нема, а може да експериментирате и да им додадете уште некоја состојка по желба.
Состојки:
- 6 јајца;
- 150 грама кашкавал;
- 150 грама сирење;
- 300 грама сувомеснато по избор (шунка, печеница, пилешки гради);
- 5 лажици мајонез;
- 50 грама сусам.
Подготовка:
На најситно изрендајте го кашкавалот, тврдото сирење и варените јајца, како и сувомеснатото, па помешајте ги состојките.
Додадете го мајонезот и соединете ја смесата. Смесата поделете ја на два дела, па направете топчиња.
Половина од топчињата извалкајте ги во издробено сирење, а половина во пржен сусам.
Послужете како предјадење, на здравје!
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.