Сомнителна фирма со руски капитал се обидела да влезе на тендер за набавка на специфична опрема во Министерството за одбрана, посочија од Министерството на денешниот брифинг со новинарите каде присутна беше министерката за одбрана Славјанка Петровска.
Беше посочено дека фирмата е регистрирана во земја членка на ЕУ за да се прикаже како релевантна на пазарот, меѓутоа во постапката уште пред да биде направена безбедносната проверка, македонските разузнавачки служби алармирале дека станува збор за сомнителна руска фирма.
- Злато за таеквондиската Ведрана Тунески во Тирана!Македонската таеквондистка Ведрана Тунески освои златен медал на на Е2 Тирана… Read more: Злато за таеквондиската Ведрана Тунески во Тирана!
- ОРБАН ЗА ЗАЕМОТ ОД 500 МИЛИОНИ ЕВРА: Кинески пари не можеме да ви даваме, но европски пари можеме и ќе ви ги давамеКинески заем и кинески пари не можеме да даваме, бидејќи Унгарија… Read more: ОРБАН ЗА ЗАЕМОТ ОД 500 МИЛИОНИ ЕВРА: Кинески пари не можеме да ви даваме, но европски пари можеме и ќе ви ги даваме
- СИЉАНОВСКА-ГУТЕРЕШ: Македонската евроинтеграција треба да се случи што е можно побрзоМакедонската евроинтеграција целосно заслужено треба да се случи што е можно… Read more: СИЉАНОВСКА-ГУТЕРЕШ: Македонската евроинтеграција треба да се случи што е можно побрзо
- ТЕЛОТО ПРОНАЈДЕНО ВО БЛИЗИНА НА НЕЈЗИНИОТ ДОМ: Уапсен 45-годишнен маж за убиството на Наташа СоврановскиТелото на мртвата 25-годишна девојка е пронајдено во шума во близина… Read more: ТЕЛОТО ПРОНАЈДЕНО ВО БЛИЗИНА НА НЕЈЗИНИОТ ДОМ: Уапсен 45-годишнен маж за убиството на Наташа Соврановски
- Максим Димитриевски се сретна со амбасадорот на Русија, договaраат рускиот да се изучува во кумановските училиштаГрадоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски и актуелен лидер на ЗНАМ, денеска… Read more: Максим Димитриевски се сретна со амбасадорот на Русија, договaраат рускиот да се изучува во кумановските училишта
– Тоа беше индикативно, затоа што првата фаза која помина, понудата на оваа фирма беше од прилика скоро иста со останатите две фирми, значи не се разликуваше многу, може за некои стотина илјади евра, меѓутоа во втората фаза спуштија неверојатно ниско, скоро 50 отсто поевтина сума и тоа ни го потрврди сомнежот дека по секоја цена сакаат да го земат, посочи Петровска.
Според Кривичниот законик, Петровска вели нема основ за кривично дело, но заштитата на безбедноста на државата треба да се крене на повисоко ниво.
– Правиме некои анализи веројатно ќе треба Законот за јавни набавки да се промени, затоа што во општиот закон, освен за законот од областа на одбраната и безбедноста, се вели дека најниската цена добива. Ние не можеме да си го дозволиме тоа, дури кога набавуваме и храна за Армијата не можеме да си дозволиме најниска цена, затоа што треба да внимаваме на квалитетот, бидејќи ние набавуваме буквално сѐ, вели Петровска.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.