Филмското студио „Сони пикчрс“ го објави првиот трејлер за „Веном: Последниот танц“ (Venom: The Last Dance). Се работи за засега последниот, трет филм од серијалот за оригиналниот негативец од сагата за Спајдермен.
Том Харди се враќа како Еди Брок, „домаќинот“ обземен од вонземјанинот-антихерој познат како Веном кој јаде мозоци од луѓе. Во трејлерот, Харди се соочува со друг, огромен вонземјанин од планетата на Веном, додека самиот е цел на потера на американските владини служби. Има многу симбиотска акција, плус сцена каде Харди јава супербрз коњ со отров. На Харди му се придружуваат Џуно Темпл, Чиветел Еџиофор итн.
„Еди и Веном се во бегство. Ловени од двата нивни света и со затворањето на мрежата, дуото е принудено на катастрофална одлука што ќе ги спушти завесите на последниот танц на Веном и Еди“, се вели во најавата.
Сценаристката на првиот и вториот дел од „Веном“ – Кели Марсел првпат во својот живот е и режисерка. „Веном: Последниот танц“ дoaѓa во кината на 25 октомври.