„Напредокот на обновливите извори на енергија значи дека проекциите во кои доминираат фосилните горива веќе не се реални“, рече раководителот на истражувањето др. Фемке Нијсе од Институтот за глобални системи на Универзитетот во Ексетер.
Сонцето најверојатно ќе стане најважниот извор на енергија во светот до 2050 година, велат британските научници во неодамна објавена студија.
- Предложен притвор за тинејџерот кој фрли 100 кеси марихуана во близина на градинка во Скопје
- Си и Путин против Западот: Кина нуди нов светски поредок на самитот
- Лавров: Западот користи уцени за да спречи формирање на мултиполарност
- Гламурозниот настап на Џорџина Родригез на Венецискиот филмски фестивал: Ги истакна своите облини во црн чипкана фустан (фото)
- Филипче: Образованието е најважната инвестиција, секое дете заслужува еднаква шанса за квалитетно образование
- Мицкоски: Владата продолжува да инвестира во квалитетно образование
- Ердоган го поддржува продолжувањето на преговорите за нуклеарната програма на Иран
- Најголемите екстроверти во хороскопот: Никогаш не можат да се наситат од луѓе и смеа
- Украинците објавија снимка од Крим: „Нашите специјални сили уништија два руски хеликоптери“
Енергетскиот сектор можеби достигна пресвртница во која дојде до синергија помеѓу употребата на соларна технологија и процесот на учење на компаниите како да ја направат попристапна, велат научниците од Универзитетот во Ексетер и Универзитетскиот колеџ во Лондон.
„Напредокот на обновливите извори на енергија значи дека проекциите во кои доминираат фосилните горива веќе не се реални“, рече раководителот на истражувањето др. Фемке Нијсе од Институтот за глобални системи на Универзитетот во Ексетер.
Сѐ повеќе расте уверувањето дека драматично намалената цена на обновливата енергија во голема мера ќе го олесни намалувањето на јаглеродот во земјите во развој, се вели во соопштението.
Додека патот за сончевата енергија да стане најважниот извор на енергија се чини дека е поставен, дури и без поддршка од поамбициозни климатски политики, научниците предупредуваат дека „одредени пречк“ сепак би можеле да го спречат.
Научниците идентификуваа четири области кои би можеле да ја спречат транзицијата кон доминација на соларната енергија: достапност на стабилни електрични мрежи, соларно финансирање во земјите во развој, капацитет на синџирот на снабдување и политичкиот отпор во регионите каде што многу работни места се поврзани со индустриите на фосилни горива.
Затоа владите треба помалку да се фокусираат на транзицијата кон самата соларна енергија и повеќе на отстранување на овие четири пречки, препорачуваат научниците.
Ова вклучува обезбедување на снабдување со енергија кога сонцето не сјае, на пример преку ветерници и далноводи меѓу регионите.
Особено на африканските земји ќе им треба пристап до финансии за да се справат со транзицијата кон соларна енергија. Синџирите за снабдување треба да се зајакнат, особено за критичните суровини како што се литиум и бакар потребни за производство на батерии.
Загубите на работни места воиндустријата на фосилните горива и поврзаните индустрии, од кои зависат околу 13 милиони луѓе ширум светот, мора да се ублажат, велат научниците.
Пронајдете не на следниве мрежи: