Времетон денеска ќе биде сочево со мала до умерена облачност, по одделни котлини со утринска магла.
Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови засилен ветер, претежно од југозападен правец. Кон крајот на денот во западните делови ќе има врнежи од дожд, на планините од снег.
Утринската температура ќе се движи од -2 до 4 степени, а дневната температура од 3 до 11 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер. Дневната температура ќе се искачи до 10 степен.
Во среда попладне и во ноќните часови врнежите од дожд ќе преминат во снег и во некои пониски места. Ќе дува умерен до засилен југозападен ветер. Потоа следува период на стабилно време.