Времето во земјава ќе биде претежно сончево и топло, попладне особено во западните делови со изолиран развој на нестабилна облачност, проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. УВ факторот ќе биде 9.
Утринската температура ќе се движи од 15 до 24 степени, а дневната температура од 29 до 39 степени.
Во Скопје ќе биде сончево и топло, попладне особено во западните делови со изолиран развој на нестабилна облачност, проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. УВ=9.
Утринската температура ќе достигне до 19 степени, а дневната температура до 36 степени.
До сабота ќе се задржи доста топло време со повремено засилен северен ветер вдолж Повардарието, а во сабота ветерот ќе засилува насекаде. Во сабота во попладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Од недела ќе биде малку посвежо.