Сончево и топло со температури до 25 степени


Од утре, синоптичарите велат дека времето ќе биде сончево со умерена облачност, а ќе има и пораст на температурите, особено за време на викендот и почетокот на следната седмица

Сончево и релативно топло – вакво време, според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) – нè очекува денеска во земјава. Ќе има мала до умерена облачност и ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, кој долж Повардарието повремено ќе биде засилен.

Минималните температури во земјава денеска ќе се движат во интервал од 1 до 8 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 18 до 25 степени.

Во Скопје, времето денеска, според прогнозата на УХМР, ќе биде претежно сончево. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе биде 5 Целзиусови степени, а во текот на денот ќе се искачи до 23 степени.

Од утре, синоптичарите велат дека времето ќе биде сончево со умерена облачност, а ќе има и пораст на температурите, особено за време на викендот и почетокот на следната седмица. Од УХМР велат дека до недела ќе дува слаб, повремено засилен северен ветер. 

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: