Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, особено во западните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 8, а максималната ќе достигне од 15 до 22 степени.
Во Скопје, претежно сончево со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 18 степени.
Во следните денови ќе се задржи стабилно време, сончево со мала до умерена локална облачност и со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст.