Сончево со мала облачност и релативно топло време

Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Преку денот сончево со мала до умерена локална облачност и релативно топло особено во повисоките места и на планините. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.

Утринските температури ќе се движат од -4 до 2 степени, а дневните ќе достигнат максимални 16 степени.
Во Скопје претпладне со појава на магла, а преку денот сончево со мала до умерена облачност. Максимачната дневна температура ќе биде 11 степени.

Утре наутро по котлините ќе има појава на магла или ниска облачност, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголемува.
Продолжува периодот на стабилно време со релативно високи дневни температури за овој период од годината, особено на повисоките места и на планините. Во претпладневните часови по одделни котлини ќе се задржи умерено облачно и магливо што ќе услови пониски дневни температури.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.