Денес времето во државата ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од источен и западен правец. Минималната температура ќе се движи во интервал од 9 до 18, а максималната од 30 до 37 степени Целзиусови. УВ индексот ќе изнесува 8.
И во Скопје и околината сончево со слаб до умерен североисточен ветер. Утринската температура ќе изнесува 15, а дневната ќе достигне до 34 степени.
Во наредните денови следува период на стабилно и топло време. Зголемена облачност се очекува за време на наредниот викенд.