Бојана Баровиќ вчера гостуваше во емисијата „Утро со Наташа,” на Прва ТВ. Водителката Наташа Миљковиќ, со убавата жена на пејачот Никола Роквиќ разговараше само еден месец откако таа се породи.
И додека течеше разговорот, наеднаш се слушна тивкиот плач на малиот Симеон и Бојана покажа колку е грижлива мајка која не го остава по ниту една цена своето бебе гладно, па таа го зеде бебето в раце и за прв пат во Србија, а веројатно и во регионот во програма во живо доеше бебе.
„Тој е тука со мама. Јас не се двојам од него. Се’ уште го дојам, тој е премногу мал. Бебето избира каде, а не јас. Јас сум мајка која не го остави своето дете, бидејќи мислам дека е многу важно за нас да бидеме со нив и да им го дадеме она што им е потребно, а во моментов најважно за него е доењето“ – објаснила Бојана, која дошла во студиото и нејзината мајка, која го чувала Симеон зад камерата.