Сопругата на Штекли меѓу обвинетите за шверц на крадени луксузни коли

Обвинителството денеска соопшти дека поднело обвинение против 18 луѓе и еден автосалон од Кочани за шверц на крадени луксузни автомобили.

Mеѓу обвинетите е и сопругата на Раде Трајковски Штекли, српска државјанка со престој во Македонија. Штекли, кој се поврзува со низа кривични дела, во август и во октомври годинава избегна два обиди за убиство на иста локација – во Ист Гејт Мол во Скопје.

Почесна „Златна Камера 300“ за Јанаки Манаки
Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ на свеченото отворање на фестивалот додели Почесна „Златна Камера 300“ на Јанаки Манаки. Во 1996 година фестивалот во Битола на Милтон …
САД ќе донира 60 боди камери на Царинската управа
Директорот на Царинската управа, Бобан Николовски најави дека цариниците во иднина ќе носат боди камери со кои што се очекува да се намали значително нивото на корупција и …

Петмина од обвинетите се вработени во МВР – референти во Одделението за управни работи – Скопје.

Обвинетите се товарат дека од 2020 до 2022 година, со фалсификувани документи, во Македонија внесувале луксузни коли, крадени во различни европски земји, и ја избегнувале царинската контрола. Автомобилите со променет број на шасија ги регистрирале со македонски таблички, а потоа, за да ги скријат трагите, за кратко време по неколкупати ги препродавале од еден на друг. Вработените во МВР во целиот тој период им издавале на другите обвинети регистарски таблици и сообраќајни дозволи спротивно на Законот за возила и со употреба на фалсификувани документи.

„Автомобилите, од кои најголем дел биле предмет на меѓународни потраги, се набавувале во различни европски земји и се внесувале во земјава со променети идентификациски броеви на шасиите и со фалсификувани документи за да им се прикрие потеклото. Потоа обвинетите службени лица од МВР вршеле регистрација на возилата врз основа на лажна документација. По повеќекратната меѓусебна купопродажба, обвинетите трајно ги отуѓувале автомобилите, продавајќи ги на физички и правни лица во државава“, соопшти Обвинителството.

Истрагата обезбедила докази дека овој начин бил искористен за криумчарење на 15 возила со вкупна вредност од над половина милион евра.

Обвинетите беа уапсени летоска. Полицијата тогаш соопшти дека колите биле крадени во Србија, БиХ, Белгија, Луксембург, Данска, Германија, Шведска, Велика Британија и Бугарија.

Дел од медиумите тогаш објавија дека меѓу уапсените има газди на познати скопски ноќни локали, газда на менувачница и сопственик на фабрика за колачи.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.