Богатството на Марк Цукенберг се проценува на 13 милијарди долари, а оваа година се согласи да се откаже и од бонусот.
Сопственикот на Фејсбук, мулти милијардерот Марк Цукерберг (28) денес се придружи на клубот на директори на Силиконската долина, центарот за информатичка индустрија во САД, кој оваа година ќе примат плата од само 1 долар,пишува Бизнис журнал.
Цукерберг ќе прима само еден долар и се согласи да не зема никакви бонуси. Неговото богатство се проценува на 13 милијарди долари, па нема многу да му недостига неговата вистинска плата, пренесуваат светските медиуми.
На листата на клубот Силиконска долина, се наоѓаат исклучително богати директори и сопственици на компании кои примаат по еден долар бидејќи имаат многу пари. Тука се коосновачите на Google Лари Пејџ и Сергеј Брин, сопственикот на компанијата Оracle Лери Елисон и компанијата Zinga , а до самата смрт беше и основачот на Apple, Стив Џобс.Богатството на Марк Цукенберг се проценува на 13 милијарди долари, а оваа година се согласи да се откаже и од бонусот.