Сораја со клешти го пресече прстенот добиен од нејзиниот оженет свршеник- од вредноста на овој дијамант ќе ве заболе глава

Српската старлета Сораја Вучелиќ се до вчера наводно била во врска со богат Русин, а вчера со нејзините следбеници покажа како ја раскинала свршувачката.
Старлетата долго криеше дека е свршена, а нејзината другарка Ана Кораќ неодамна објави фотографија од момчето на Сораја со што потврди дека таа има свршеник, по што јавноста долго време коментираше дека тој е оженет.


Ситуацијата дека тргнала наопаку покажува последното видео на нејзиниот Инстаграм профил каде таа со клешти го сече нејзиниот свршенички прстен на два дела и потоа објавува дека е слободна девојка.
Инаку неодамна српските медиуми напишаа дека овој прстен бил во вредност од 150 илјади евра, а и го подарил Владимир, нејзиниот богат свршеник.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.