Соседите го разврзаа јазикот и открија каква е Анастасија Ражнатовиќ приватно

Соседите на Анастасија Ражнатовиќ велат дека се изненадени колку е таа непосредна, а за нејзиниот партнер велат дека е опасен бизнисмен кој нон – стоп зборува на телефон.
Имено, Анастасија и Ѓорѓе неодамна се преселија во нивен стан на Дорчола, а сега нивните соседи за блиц.рс открија какви соседи се познатиот пар.
-Овде најмногу живеат млади и секој си го гледа својот живот. Не ги интеренсира многу кој е директор, пејач или актер. Анастасија ја видов неколку пати додека одеше во продавница и пријатно се изненадив. Искрено, мислев дека е вообразена бидејќи нејзината мајка е позната, па сега и таа се занимава со јавна работа, но ме разубеди. Прва ме поздрави во ходникот иако не се запознавме лично. Беше без шминка и во тренерки, носеше ѓубре да фрли. Ја видов пред неколку недели кога со другарките беше да купува работи за дома, носеа многу ќесиња и даска за пеглање“, вели сосетката која сака да остане анонимна.
Таа вели дека пејачката ја видела и во домашно издание.
-Еден ден излезе да земе пратка која и пристигна. Беше во папучи. После тоа го видов возачот како и помага да ги изнесе ќесите, изгледа била на пазарување. Често и помага Ѓорѓе и многу се среќни.
Едно момче кое екипата го сретнала во близина на домот, вели дека знае дека Анастасија му е сосетка.


-Нејзиното момче е опасен бизнисмен, често е на мобилен телефон, зборува, договара. Секогаш кога ќе го видам тој е во некоја акција, секогаш одлично е облечен. Никогаш го нема видено во тренерки, секогаш носи кошула без оглед дали носи фармерки или панталони. Ми изгледаат како супер пар. Таа секогаш е насмеана, често шетаат заедно“, вели тој и додава:
-Анастасија ја гледам и со другарките кои често и доаѓаат на кафе. Тие и помогнаа кога се селеше, носеа многу кутии. Слушнав дека има огромен стан и дека светски е уреден“, вели изворот.
Продавачката во една продавница откри каква е Анастасија.
– Доаѓаат често, купуваат намирници и тоа не само готови производи туку и основни намирници, се гледа дека готват нешто. Се храни здраво, не купува слатки, додека нејзиното момче сака да купува чоколади. Ако нешто ја прашаме, таа знае да одговори. Ние ќе и кажеме да ја поздрави Цеца, а таа се заблагодарува. Може ли да поверувате? Па овде влегуваат и непознати девојки и не знаат ни “добар ден“ да кажат, а таа не глуми ѕвезда“, вели продавачката.
Соседите велат дека често ја гледаат Анастасија како носи цвеќе и како се фотографира со тинејџерките без оглед на тоа дали е средена или не

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.