Состојбата на Селин Дион се влошила, изгубила контрола над мускулите

Здраствената состојба на пејачката Селин Дион се влошува.

Една година откако ја објави дијагнозата, пејачката повеќе не може да контролира одредени движења на телото. Ова го потврди нејзината сестра Клодет Дион.

„Белиот император“ отвора нова ера во воздушната доминација: Прв лет на кинескиот ловец од 6-та генерација
Прототипот на кинескиот ловец од шестата генерација го имаше својот прв лет. Новиот авион при летот е придружуван од ловецот од петтата генерација Ченгду Ј-20. Станува збор за борецот „Baidi B-Type“ или „Белиот император“. Овој настан …
Најдобрите подароци за дами во секој хороскопски знак! Накит за Лавовите, а нешто еротично за Рибите
Не постои жена која не очекува подарок за новогодишната ноќ. Давањето подарок на полноќ е посебен чин за многу парови, особено ако се заљубени.За да избегнете непријатни изненадувања, еве мал водич за вашите партнери кога одат на …

„Таа нема контрола над нејзините мускули. Она што ми го кине срцето е тоа што таа секогаш беше дисциплинирана и се грижеше за се. Таа секогаш работеше напорно. Нашата мајка секогаш ѝ велеше: „Ќе го направиш тоа добро, ќе го направиш правилно“, изјави Клодет за 7Jours. „Точно е дека и во нашите соништа и во нејзините соништа целта е да се врати на сцената. Во каква форма? Не знам“, додаде таа.

Ретка невролошка болест

За потсетување, на Селин ѝ беше дијагностицирана ретка невролошка болест позната како синдром на вкочанета личност, која предизвикува грчеви кои можат да бидат толку тешки што дури и ги скршуваат коските.

„За жал, овие грчеви влијаат на секој аспект од мојот секојдневен живот. Понекогаш ми го отежнува одењето и не ми дозволува да ги користам гласните жици за да пеам како што сум навикната“, напиша Дион во текстот на Инстаграм во 2022 година, најавувајќи дека ќе ги одложи датумите на нејзината турнеја. .

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.