Состојбата на јужната граница се следи, подготвени сме и за поголем притисок, тврди Шеќеринска

Денес вицепремиерката и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска изјави дека ја следат состојбата со мигрантите на јужната граница и дека се подготвени да се соочат и со зголемување на притисокот.
Одговарајќи на новинарски прашања таа рече – Во текот на вчерашниот ден правевме консултации и Министерството за внатрешни работи, пред се, и ние како негова поддршка, сме подготвени да се соочиме и со зголемување на притисокот на границата. Тоа покажува дека е важно да се биде буден и подготвен, дополнувајќи дека состојбата се следи и не случајно таму има постојано армиско присуство коешто продолжуваше дури и во деновите кога немавме ниту еден мигрант на границата. Сега се видело дека тоа бил оправдан чекор.
– Собранието неколку пати ја продолжуваше одлуката на границата да имаме и воена односно армиска поддршка дури и во периоди кога изгледаше дека опасноста поминала. Меѓутоа и јас и министерот за внатрешни работи велевме дека во поглед на мигранстките кризи мора да се навикнеме на новата реалност. А, тоа е дека таа опасност може да се создаде преку ноќ, и дека таа ќе биде најверојатно една од стандардните опасности и за нас, меѓутоа и за сите земји во регионот, рече Шекеринска.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.