Дружење преку социјални мрежи може да им помогне на стари лица кои страдаат од болки со намален ризик од развој на депресија, се вели во истражување на американски експерти.
Постарите лица кои страдаат од хронични болки се изложени на ризик од депресија. Кога поради тие болки мора да останат дома тогаш помалку се дружат со пријатели и членови на семејството и ризикот од депресија се зголемува, наведуваат научници во труд објавен во Џурнал оф Џеронтолоџи.
Со истражувањето биле опфатени 3.401 испитаник постари од 67 години и сите живееле во свои домови. Околу третина испитаници живееле сами, а 1833 или 54 отсто навеле дека во изминатите месец дена имале силни билки. Меѓу луѓето кои страдале од болки стапката на депресија била пониска во групата што користела социјални медиуми за контакти.
Шест отсто од оние кои користеле социјални мрежи се пожалиле на депресија воспоредба со 15 отсто од оние кои не користеле социјални мрежи.
–Користењето социјални мрежи за одржуавње контакти со членови на семејството и пријатели е добар начин за компензирање за стари лица кои поради болки мора да ги ограничат своите друштвени активности. Социјалните мрежи нема да заменат средби во живо, но ќе надоместат телесна активност, вели Шанон Ангс од Универзитетот Мичиген,кој бил шеф на групата што ја правела анализата.