Со авион директно Скопје – Атина! Пу, пу, не важи?

Од 1 ноември годинава грчката авиокомпанија „Ејџиан“  повторно ќе лета од Атина до Скопје. На сајтот на „Ејџиан“ веќе може да се резервираат карти за летот меѓу двата главни града на Грција и Македонија. Летови ќе има двапати неделно, и тоа во вторник и четврток. Со линијата ќе оперира „Олимпик Ер“, фирма ќерка на „Ејџиан“, која лета со помали авиони со 48 седишта, пишува СДК.
„Ејџиан“ ја укина линијата Атина-Скопје во 2007 година, откако скопскиот аеродром беше преименуван во „Александар Велики“. Одлуката очигледно реши да ја промени откако македонската Влада во февруари донесе одлука да го преименува скопскиот аеродром „Александар Велики“ во “Меѓународен аеродром Скопје

Денес поднесеното барање од страна на „Ејџиан“ по само два часа беше повлечено.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.