Две деца на 10-годишна возраст се повредени откако вчера околу 13:00 часот биле удрени од патничко возило „Киа“ со тетовски регистарски таблички што го управувал Ј.С.(52) од Голема Речица, Тетовско. По сообраќајката возачот веднаш го напуштил местото на несреќата, информираа од СВР Тетово.
Несреќата се случила на улицата „168“ во Тетово додека децата оделе пешки, по што со друго возило биле пренесени во тетовската Клиничка болница.
За кусо време возилото што ги удрило децата било пронајдено и обезбедено од страна на полицијата. На местото на настанот бил извршен увид и се работи на расчистување на случајот, посочија од СВР Тетово.