Со години има точно 57 килограми: Ова е тајната на прекрасниот изглед на Јелена Розга

Јелена Розга со години има 57 килограми, а во август ќе наполни 47 години. На линијата можат да и позавидат и многу помлади дами и девојки од неа.

Згодната пејачка не ја крие тајната за прекрасниот изглед.

„Се трудам храната што ја јадам да биде лесна и здрава. Јадам неколку пати на ден, но во помали количини, бидејќи тоа му одговара на моето тело. Понекогаш си давам одмор и се опуштам. Сакам медитеранска храна, полесна исхрана која содржи многу овошје, зеленчук и риба. Во зима обожавам да јадам печени костени“ – вели Розга.

„Не излегувам на сонце, па ме гледаат чудно затоа што сум толку бела, а сум од Сплит, но сега се навикнаа да ме видат таква“ – истакнува пејачката.

Јелена е позната по својата фит фигура, која, сепак, не се должи на напорните тренинзи.

Пронајдете не на следниве мрежи: