Алексис Ципрас, премиерот на Грција пристигна во Владата, каде со државни и воени почести беше пречекан од премиерот Зоран Заев и владинини министри.
Официјалната посета на Северна Македонија Ципрас ќе ја започне со средба со неговиот домаќин премиерот Зоран Заев, по што ќе следува меѓувладин состанок, а двајцата премиери ќе одржат и заедничка прес-конференција.
Освен со премиерот Заев грчкиот премиер ќе има средба и со претседателот на Собранието Талат Џафери.
Попладне ќе се одржи Бизнис форум, на кој ќе се обратат двајцата премиери. Во делегацијата што го придружува Ципрас за време на посетата на Скопје, покрај десетина министри во Владата, се и претставници на повеќе од сто големи и средни грчки компании кои се заинтересирани за инвестирање во земјава.