Песната „Нинанајна“ со која Елена Ристеска нè претставуваше на Евровизија во 2006 година доби турска верзија.
„Tam Vakti“ се вика преработката на турски јазик, а е изведена од пејачката Севтуг.
Елена сподели краток дел од спотот на Instagram и во описот напиша: „Малку поинаква верзија на Нинанајна, преработена на турски јазик. После скоро 12 години од Евровизија, сè уште интересна за европската публика. Сепак она што останува и она што се запишува во историја на музиката се песните, сè останато е неважно…“
Со оваа песна, Македонија го има постигнато најголемиот успех на Евровизија. Елена во 2006-та година го зазема 12-тото место.