СО ФИЦО БЕА 6 ТЕЛОХРАНИТЕЛИ! ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО НА ПРЕМИЕРОТ НА СЛОВАЧКА КАСНО РЕАГИРАЛО: Атентаторот ги изненадил и го застрелал Фицо (ВИДЕО)

Словачкиот премиер Роберт Фицо беше ранет во обид за атентат по состанокот на владата во Хандлова.Престрелката се случила пред Домот на културата, кога премиерот влегол во толпата, меѓу народот.Како што јасно може да се види на видеото, премиерот тргна кон луѓето следен од пет телохранители. Во исто време, од другата страна на оградата, меѓу насобраниот народ, се наоѓал најмалку еден обезбедувач.Меѓутоа, атентаторот Јурај Цинтула ги изненадил и од непосредна близина го застрелал премиерот со пет куршуми.Дури кога атентаторот го испукал петтиот истрел, припадник на обезбедувањето кој бил во толпата успеал да го фати одзади, за врат и да го совлада.Набрзо во метежот се појавија повеќе безбедносни лица, кои „длабоко“ го покрија премиерот Фицо.Премиерот Фицо по повредата итно бил пренесен во болница.Според локалните медиуми, лекарите се борат за неговиот живот.За атентатот на премиерот на Словачка е уапсен Јурај Цинтула (71), познат писател и опозиционер.Footage of Slovak Prime Minister Fico being taken to his car following assassination attempt. pic.twitter.com/jVkEtGZ87M— Clash Report (@clashreport) May 15, 2024По апсењето рече дека стрелал во премиерот бидејќи не се согласува со политиката на словачката влада.

Пронајдете не на следниве мрежи: