Операција за спасување се одвивала синоќа на планината Пирин, објави БГНЕС. Пет македонски граѓани, скијачи и сноубордери, бордале надвор од назначените локации, и паднале во провалија на Даминишка долина.
Сигналот за тревога бил издаден од Горната служба за спасување во Банско, од каде десет спасители тргнале во акција за спасување на луѓето во планината. Сите пет туристи се спасени и се во добра состојба.