Пејачот Спасен Сиљановски денеска на социјалните мрежи сподели статус со порака до актуелните власти:
До пред половина година се пуштаа од оро кога ќе запеев патриотска песна, се плашеја да не ги видат или сликаат со мене затоа што важев за Патриот, а за нив беше страмно и заостанато да си патриот. Се плашеа да стават лајк на мои објави и постови од национален интерес. Македонските народни песни за нив беа “сељачки”.А сега….сега наеднаш сите се патриоти. Се развиле знамиња со 16 краци за да докажат демек и ние сме патриоти.Поголеми патриоти дури и од Гоцета, Дамета, Јанета…..Поголеми католици од папата. И тие истите такви гниди, мекотели, безкичмењаци, олоши, кодоши, бројлери се облекуваат со сонцето од кутлеш и дремат по штабови за да се дочепаат до некое директорско место….И за жал си добиваат што е најтрагично. Одеднаш гледаш нови голобради фаци како се сместуваат на функции, а никогаш предходно не си ги видел на протест, митинг, трибина, организација….никаде . Еј вие таму горе високо, внимавајте, Македонија не е само за денес. На македонија ќе и требаат секогаш вистински патриоти со “мустаќи”. Не уништувајте го патриотскиот дух во нив оти само уште тој им остана. А без нив нема Македонија….ниту вас.
P.s Патриот е оној кој што е подготвен да изгуби се дури и својот живот за својата Татковина и својата нација, а нее човек кој што е подготвен да ДОБИЕ се од свјата татковина, научете ја еднаш оваа разлика.
p.p.s. Морам да ви го кажам вака јавно, затоа што не дигате телефони за да ви го кажам лично
*Фејсбук статус на Спасен Сиљановски