Спасете се од досадните муви и комарци

Комарците и мувите во лето се вистински кошмар и често знаат да ни го расипат уживањето во ноќните часови, а дури и спиењето.
Но доколку мислите дека за тоа нема лек, се лажете. На Твитер овие денови се појави нов трик кој стана вистински хит.
Сетете се само колку пати не сте можеле да спиете поради зуењето и убодите од комарци кои потоа ужасно чешаат. Дури ниту купечките спрееви не помагаат во целост, а и препаратите кои се продаваат за во домот може да бидат високо токсични за организмот.

Постојат многу „направи-сам“ трикови кои наводно гарантираат дека ќе бидете безбедни од комарците, но неодамна еден од нив буквално го запали интернетот, а речиси половина милион луѓе тврдат дека е ефикасен.
Многу едноставен и евтин, а се што ви е потребно е еден лимон и каранфилчиња.
Лимонот исечете го на половина, а потоа во секоја половина забодете каранфилчиња. Потоа, лимонот ставете го каде што спиете или престојувате, а тој помешан со каранфилчињата успешно ќе ги избрка комарците.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.