Спасовски: Вања почина од прострелна рана, пронајдени два пиштоли во близина на Скопје

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во синоќешната изјава во врска со прашањето дали Вања, 14-годишното девојче е удавено или починало од рана од куршум, рече дека се работи за рана од куршум.

Метео: Видете какво ќе биде времето денес
Од УХМР јвуваат дека времето денеска ќе биде претежно облачно, наутро по котлините ќе има услови за појава на магла. Претпладне претежно во југоисточните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд. …
Портокалов метео аларм во Шпанија, повторно се очекуваат обилни дождови
Две недели по разорните поплави во источна Шпанија, метеоролошките служби ги предупредија граѓаните да бидат внимателни, бидејќи повторно се очекуваат нови катастрофи со доаѓање обилни врнежи и ниски температури. Источниот и јужниот …

„Точната одлука на обдукцијата ќе ги покаже деталите, но се работи за рана од куршум“, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на прес-конференцијата на која соопшти дека е фатен првоосомничениот Љупчо Палевски.

Во однос на тоа дали е пронајдено оружјето со кое е пукано во неа, министерот Спасовски рече дека во Скопје се пронајдени две оружја, кои мора да се проверат за да се утврди дали е тоа оружјето со кое е убиено девојчето.

Спасовски потврди и дека полицијата го пронашла мобилниот телефон на 14-годишната Вања Ѓорчевска.

Вања беше прогласена за исчезната на 27 ноември, додека во неделата на 3 декември нејзиното тело беше пронајдено во околината на Скопје.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.