Спасовски го обвини Мицковски за политиканство! Ќе се испитуваат комуникациите на осомничените со лица надвор од групата

Политиканството во вакви случаи на убиства, уште еднаш ги убива жртвите и тоа не е добро. Ова го изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, прашан од новинарите како ги коментира обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека МВР предоцна ја започнало истрагата за двојното убиство.

Сопственичката на компанија од Унгарија поврзана со експлозијата на пејџерите во Либан, под заштита на тајната служба
Сопственичката на BAC Consulting, која е поврзана со смртоносната пејџер експлозија во Либан, Кристиана Барсони-Арцидиаконо, е под заштита на унгарската тајна служба, изјави нејзината мајка Беатрикс Барсони-Арцидиаконо за АП.Таа рече дека нејзината ќерка добивала закани и …
Објавена фотографија од Жељко Самарџиќ стара 40 години: Погледнете како изгледаше тогаш пејачот
На интернет се појави фотографија стара 40-години на Жељко Самарџиќ на која пејачот е речиси непрепознатлив.Самарџиќ на фотографијата има сосема поинаква фризура, односно долга кафена коса, за разлика од имиџот што го градеше изминатите децении.Самарџиќ …

„Тоа се политиканства од најдолен вид што ги преземаат такви екстремни десничарски кругови. Не посакувам сите да се впуштаме во политиканство, туку да се прошири истрагата и сите криминални радикални гнезда да бидат откриени и уништени. Хранењето на таквите луѓе на мотивите, може да предизвикува разни последици. Секако дека тука се испитуваат и многу видови на комуникација кои што ги имале осомничените со лица надвор од оваа група, ќе се дадат и многу други одговори. Важно е радикалните структури да бидат разбиени. Упатувам апел до сите да имаме одговорно однесување“, рече Спасовски.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.