Лоциравме цел еден кластер на лица. Сите се повикани на разговори во полициски станици и одземени се нивните мобилни телефони и се продолжува на обезбедување докази при нивното вештачење.
Сметаме дека овој кластер ги прави овие дојави во повеќе училишта – секако дека постојат и други, истакна министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски во гостувањето на утринската емисија на МТВ.
„Апсолутно не дозволивме да се случи било какво нарушување на мирот и безбедноста на наставниот кадар и учениците. Целта на хибридната војна е да предизвика неспокој и да ги троши институциите на системот. Сите максимално посветено работевме“, вели Спасовски.
Пронајдете не на следниве мрежи: