Спасовски му понудил оставка на Заев, тој не гледа пропуст

Во интервју за “Дојче Веле“ премиерот Зоран Заев открива дека министерот Оливер Спасовски разговарал со него за оставка како чин на морална одговорност по бегството на осудениот експремиер Никола Груевски во Унгарија.
– Оливер Спасовски разговараше за тоа со мене. Бидејќи тој го направи тој чекор, разговараше со мене. Како колега во Владата и мој долгогодишен соработник, секогаш сме разговарале што со моралниот чин во вакви околности. Бидејќи, ако има морална одговорност, треба да има аргументација за тоа, да се објасни, да се лоцира каде е моралниот хазард, проблем, пропуст… Јас не гледам таков пропуст. Но, ако се покаже дека имало одговорност – јас ќе барам таа да биде конкретно понесена – вели Заев.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.