Спасовски: Откриени сторителите на двете убиства. Турција доставила отпечатоци од папиларни линии на Палевски

Ние впрочем, а и јавниот обвинител најави дека е можно да имаме и проширување на истрагата, сѐ со цел да се дојде до конечната вистина во однос на мотивите и сето она што претставува интерес во однос на целиот овој случај, изјави министерот за внатрешни работи во емисијата „Само интервју”.

Економист: Израел подготвува копнена офанзива на Либан
Израел подготвува копнена офанзива во Либан која би вклучувала заземање тампон-зона која ќе се протега на неколку километри територија северно од границата, објави, британски Економист, повикувајќи се на воени извори. Израелската војска (ИДЕФ) …
Осум знаци дека сте изградиле доверба во врската
Сексологот Тим Лот вели дека постојат три важни аспекти за секоја успешна врска: комуникација, почитување и доверба. Да стекнете доверба можеби е и најтешкото нешто од овие три работи. Овие осум знаци покажуваат …

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во емисијата „Само интервју” на Канал 5, одговарајќи на прашањето дали ќе ја дознаеме целата вистина за грозоморните убиства, какви што не паметиме во историјата на Македонија, појасни дека МВР целосно го заврши својот дел од работите и тоа во оваа фаза од разоткривање на оваа трагедија, но и во понатамошниот тек ќе постапува и ќе биде вклучено за сите аспекти, за сите прашања, прибирање на информации, обезбедување на нови докази по барање на јавниот обвинител.

Ние поднесовме кривични пријави, таа кривична пријава е на 100-тина страници во кои што се презентирани сите докази кои беа обезбедени до тој момент и се доставени до Јавното обвинителство и, секако, веќе имаме и оценка од јавниот обвинител во однос на прибирањето на доказите, прибирањето на вештачењата итн., дека практично се поклопуваат со тоа што досега е собрано. Важни се две работи: едната работа е што системот многу брзо ефикасно реагираше и дојдовме до разоткривање на случајот. Притоа се откриени сите сторители на ова грозоморно убиство. Второ, важно е што целиот овој процес мора до крај да се разработи, да се заврши и да се утврдат сите аспекти. Ние впрочем, а и јавниот обвинител најави дека е можно да имаме и проширување на истрагата, сѐ со цел да се дојде до конечната вистина во однос на мотивите и сето она што претставува интерес во однос на целиот овој случај. И тоа е најважната работа – истакна министерот Спасовски.

Тој додаде дека нов момент е тоа што се побарани од Република Турција да се достават дактилоскопските податоци, папиларните линии, и тие се доставени и ќе бидат предадени во јавното обвинителство и се очекува наскоро да стигне и материјалот за ДНК анализа.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.