Спасовски: Успесите доаѓаат кога има тим, оваа Влада има тим и визија

Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи, за кој веќе се зборува дека е еден од можните  кандидати за претседател на Република Македонија, не дава конкретен одговор дали воопшто ќе се кандидира за претседател. Единствено што јавно изјавува е дека има простор за дискусии помеѓу партиите и помеѓу граѓаните, и дека е убеден дека Македонија ќе добие добар претседател.
– Пред нас е одлука да избереме каков претседател заслужува Македонија. И јас и колегите сме исправени кон таа цел, да избереме лице кое ќе биде спротивност од тоа што го имаме денес. Успесите доаѓаат кога има тим, оваа Влада има тим и визија. Бидејќи започна процесот на избор на кандидат така како што е предвидено, важни се овие принципи, затоа што личните амбиции на ниту еден не се поважни од иднината на државата – изјави Спасовски.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.