Српските спортисти кои се вратија со медали беа свечено пречекани на балконот на градското собрание на Белград, а претходно целата делегација имаше и прием организиран во Претседателството на Србија.
На балконот се појавија освојувачите на медали Новак Ѓоковиќ, Александра Перишиќ, Зорана Аруновиќ, Дамир Микец, кошаркарската и ватерполо репрезентацијата на Србија.