Специјални маски – заштита од загадувањето

Одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали има дополнителни мерки за превенција на здравјето на граѓаните министерот за здравство, Венко Филипче изјави дека ќе дели специјални маски за заштита од загадувањето.
-Разгледуваме алтернатива и собираме податоци за тоа која ризична група граѓани може дополнително да се заштити од аерозагадувањето со специјални маски и кога ќе ја имаме таа бројка ќе видиме на кој начин ќе може да ги набавиме и да им ги поделиме, истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче.
Анализата, која произлегува од податоците од системот „Мој термин“, врз основа на податоците од матичните лекари, за кратко време ќе заврши, се надева Филипче.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.