Ученичка во училиште во Бјеловар (Хрватска) имала список на соученици за ликвидација, оваа информација за редакцијата на регионален портал ја потврдиле голем број родители, загрижени што дури денеска дознале за тоа.
Имено, како што пишуваат, нивните деца денеска ги запознале со оваа информација, иако списокот за убиства со имиња и презимиња на машки и женски ученици наводно бил објавен пред неколку дена на мрежата „Тик-Ток“ и се уште кружел на социјалните мрежи, пишува „Bjelovar.live“.
Набргу по објавувањето, за видеото била известена полицијата која за многу кратко време ја привела ученичката, а видеото набрзо било избришано.
Сепак, наводно има копии направени од ученици, така што истите се уште може да се најдат, а несомнено сè уште се споделуваат меѓу децата.
Заедно со списокот ученичката се заканувала дека ќе ги убие, а за целата приказна е запознаен и регионалниот Завод за социјална работа.
Неофицијално се дознава дека ученичката која го составила списокот, очигледно врз основа на белградската трагедија, истиот ден била избркана од бјеловарското училиште.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.