Според анкетите Бени Ганц би го победил Нетанјаху доколку изборите во Израел се одржат денеска

Претседателот на Партијата за национално единство Бени Ганц би го победил израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху доколку изборите се одржат денеска, покажува анкетата објавена неколку дена откако партијата на Ганц се повлече од владата.

Според таа анкета, Ганц би освоил 41 отсто од гласовите, додека 35 отсто од гласовите би му припаднале на Нетанјаху, пренесува Тајмс оф Израел.

Рчиси половина од испитаниците, 42 отсто од нив, изјавиле дека би го поддржале Ганц како нов лидер, а претседателoт на десничарската партија Израел е нашиот дом, Авигдор Либерман, според анкетата има само два отсто повеќе гласови отколку Нетанјаху.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.